Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство.Вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција.Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија.Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, раководењето на Филипче со Министерството за здравство создаде невиден хаос.
,,Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите. Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.
Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции. Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството.За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори”, се додава во соопштението.