Полицискиот инспектор, Мајкл Кјелдгард, соопшти дека лицата се обвинети бидејќи ја споделиле снимката преку „Фејсбук месинџер“ и други социјални медиуми.
Видеото, за кое властите веруваат дека е автентично, го прикажува свирепото убиството на една од двете млади планинарки, чии тела беа пронајдени обезглавени во планините Атлас, јужно од Маракеш, на 17 декември 2018 година.
Луиза Јесперсен (24) од Данска и 28-годишната Норвежанка, Марен Уланд, беа убиени во злосторство што мароканските и данските власти го карактеризираат како терористички чин.
Дванаесет лица се обвинети за неовластено откривање на видеото под особено отежнувачки околности.
Оваа одредба од данскиот кривичен законик вообичаено се користи за да ги гони оние што објавуваат слики или видеа од луѓе што не би сакале тие да бидат објавени.
Законот е направен со цел да ги заштити луѓето од сликите што се објавуваат онлајн, без нивна согласност.
За директна вмешаност во смртта на девојките се обвинети четворица Мароканци, кои се појавуваат во одделно видео на кое ѝ изразуваат верност на терористичката група Исламска држава, иако не ги споменуваат убиствата.