Самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, изјави дека откако претходно го протера германскиот амбасдадор во земјата, владата а Венецуела сега ѝ се заканува и на Германија, пренесува „Спутник“.
„Венецуела живее под диктатура, а оваа постапка претставува закана против Германија”, рече Гуаидо во интервју за „Дер Шпигел“, додавајќи дека побарал од германскиот претставник да остане во земјата.
Неговите коментари доаѓаат откако венецуелската влада го протера германскиот амбасадор Гуаидо тврди дека венецуелската влада ја загрозува Германија по истерувањето на пратеник
Неговите коментари доаѓаат откако венецуелската влада го протера германскиот амбасадор, кој во понеделникот го поздрави самопрогласениот привремен претседател на аеродромот во Каракас, поради мешање во внатрешните работи на земјата.
„Венецуела смета дека е неприфатливо странски дипломат во нашата држава да врши јавна улога блиска до онаа на политички лидер усогласена со конспиративната агенда на екстремистичките сектори на венецуелската опозиција,“ беше речено во соопштението на венецуелската влада.
Официјален Каракас на германскиот амбасадор му даде 48 часа да ја напушти државата.