Вработени во медицинскиот центар Куманово во попладневните часови на 6 март во полиција пријавиле дека кај нив било донесено двегодишно дете затруено од таблети.
Мајка му во болницата објаснила дека детето испило неколку таблети што таа ги пие.
Детето било препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.