Шефот на Европската централна банка Марио Драги предупреди дека неизвесноста околу Италија и тежи на економијата на еврозоната, како резултат на несогласувањата меѓу Брисел и Рим околу состојбата со јавните финансии во Италија.
Говорејќи на прес-конференција во Франкфурт, Драги посочи на низа надворешни фактори кои се надвиснуваат над еврозоната, вклучувајќи го и забавувањето на светската трговија и падот на довербата кој произлегува од тензиите меѓу САД и Кина.
Тој додаде дека на растот на еврозоната го загрозуваат и конкретните фактори „од кои еден, секако, е Италија”.
– Другиот е послабиот германски автомобилски сектор, додаде Драги.