ЕЛЕМ продаде вишоци електрична енергија за 364.837 евра

АД Електрани на Македонија завчера продаде 8.400 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра.

Како што информираат од компанијата, продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 17 март годинава, а просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 44,43 евра за мегават час.

-На Унгарската берза на електрична енергија ( HUPX ), цената за тој период изнесува 43,24 евра за мегават час, информираат од ЕЛЕМ.

Треба да знаете
Последни објави