Членките на ЕУ едногласно го отфрлија предлогот на Европската комисија, на црната листа да стави 23 држави.
На предложената листа на ЕК се наоѓаат 23 држави и територии за кои се верува дека носат висок ризик од перење пари или финансирање тероризам.
Членките соопштиле дека предлогот не е воспоставен во транспарентен процес, пренесе АП.
На листата, се наоѓаат држави како Саудиска Арабија, Северна Кореја и Нигерија, но и четири американски прекуморски територии. Списокот има за цел да се засили надзорот и истрагата за финансиски трансакции од тие земји и територии, за да се пронајдат сомнителни текови на парите.
Европската комисија сега ќе мора да направи нова листа и да ја земе во предвид загриженоста на државите членки.