Најголемата џамија во Турција отворена за верниците во Истанбул

Најголемата џамија во Турција се отвори денеска за верниците во Истанбул, јави агенцијата Анадолија. Џамијата, со капацитет за 63.000 верници, се наоѓа во азискиот дел на Истанбул – Чамлиџа, и беше отворена со утринска молитва, по шестгодишна изградба.

Изградена во отоманско-селџучкиот архитектонски стил, џамијата е лесно забележлива од секој дел на градот.

Покрај џамијата, целиот комплекс каде што се наоѓа вклучува музеј на турско-исламската уметност, библиотека, уметничка галерија, конференциска сала, како и паркинг со капацитет за 3.500 автомобили.

Има шест минариња кои ги претставуваат шесте столба на исламот. Четири минариња се високи 107,1 метар, во чест на победата на селџучките Турци во битката кај Манцикерт од 1071 година против византиската војска, што ја отвори Анадолија за турската доминација.

Нејзината главна купола со висина од 72 метри ги претставува 72-та народа кои живеат во градот. Втората купола со дијаметар од 34 метри го симболизира бројот на регистарски таблички на Истанбул. Внатре во куполата се впишани 16 имиња на Алах, симболизирајќи ја бројката на земји втемелени од Турците.

Троделниот украс на главната купола кој тежи 4,5 тони и е со височина од 7,77 метри. Тој е најголемиот од таков вид.

Во џамијата се наоѓа и рачно изработен тепих од 17.000 метри квадратни. Минберот во џамијата (местото од каде што имамот ја пренесува хутбата), е висок 21 метар и може да се подигнува со лифт. Џамијата може да одржи осум погребни молитви во исто време.

Како што пренесува Анадолија, ќелникот на Здружението за изградба и зачувување на џамиите и културата на Истанбул, Ергин Кулунк истакна дека џамијата „Чамлиџа” официјално ќе биде инаугурирана од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави