Копретседавачот на тимот за дијалог на Приштина со Белград, Фатмир Лимај во Парламентот ја претстави платформата за продолжување на тој процес.
Тој нагласи дека овој документ ќе биде практично „водич за дејствување” во дијалогот.
– Косово не треба да ја напушти преговарачката маса. Принципите на платформата ќе бидат водич за овој процес. Дијалогот ќе биде целосно транспарентен, а извештаите ќе бидат доставени на редовна основа до Парламентот, рече Лимај.
Според него, Приштина ќе биде присутна во Брисел за да ја потврди, како што рече, „косовската државност, а не да преговара за тоа”.
– Одиме во Брисел за да и дадеме на земјата шанса за европска интеграција, рече Лимај.
Денешната вонредна седница на Парламентот, на која во второ читање се разгледува законот и платформата за продолжување на дијалогот со Белград, започна со речиси два часа задоцнување поради недостиг на кворум.