Осудениот на шест месеци условен затвор, поради непријавување на сексуално злоставување, кардиналот Филип Барбаран неколку часа по изрекувањето на пресудата најави дека ќе поднесе оставка од функцијата кардинал пред папата Франциско, јави дописникот на МИА.
Претходно кардиналот Барабаран им изрази сочувство на жртвите, кои го тужеа како носител на функцијата кардинал и архиереј на Лион, кој ги премолчи сексуалните злоставувања на еден свештеник пред властите.
Ова е првпат во Франција да биде осуден еден кардинал за прикривање сексуално злоставување од страна на свештеници, а претходно имало осудувања за истото дело и на други свештени лица од католичката црква.