Пронајдени изгубените писма на Тесла

Пронајдени се две писма на Никола Тесла за кои се мислеше дека се изгубени, станува збор за писма кои големиот научник му ги испрати на Радоје Јанковиќ, генерален конзул на Кралството Југославија во Њујорк, потврдија од здружението „Адлигат“.

Во писмата Тесла пишува за Михајло Пупин, неговата болест и желбата да го посети во болница, а пронајдени се пред неколку дена и со голем напор се откупени за музеите на здружението благодарение на напорите на Виктор, Бранислав и Горица Лазиќ, како и Александра Нинковиќ-Тасиќ, Милош Јанковиќ (основач на Адлигата) и весник „Недељник”.

Според Виктор Лазиќ, основачот на „Адлигат“”, овие артефакти се од големо значење за српската култура, напишани со кирилско писмо, и од нив може да се види блискиот и грижлив однос меѓу Тесла и Пупин.

Треба да знаете
Последни објави