Сестрички се загубиле во шума меѓу крволочни пуми ги преживеаја најдолгите 44 часа од животот
Две сестри, од осум и пет години, кои исчезнаа во Северна Калифорнија се пронајдени по 44 часа и после масовната потрага во која биле ангажирани и хеликоптери и кучиња – трагачи.
Девојчињата отишле во прошетка низ шумското подрачје пред својата куќа, иако мајката им рекла дека не смеат.
„Лејла само сакаше мала авантура, но и јас“, рече Керолајн.
Набрзо сестрите сфатиле дека се загубени. Но за среќа, ги научиле вештените за преживување од своите родители.
„Почна да паѓа дожд, па моравме брзо да најдеме засолниште“, рече Леја.
„Брзо пронајдовме засолниште, гранка од дрво блиску до земјата, и имавме јакна за дожд од мојата сестра која ни држеше топло“.
„Знаев како да запалам оган зошто тоа сум го гледала во многу филмови“, вели таа.
Девојчињата пиеле капки вода од листовите и јаделе мали барчиња со житарки кои ги зеле со себе.
Температурите паднале кога се стемнило, а Керолајн се исплашила зошто тоа подрачје е познато по нападите од пуми.
„Мојата сестра плачеше цела ноќ, па и реков да мисли за среќните мигови со нашето семејство, а јас цела ноќ останав будна“, рече Леја.
„Се чувствував помалку нервозно и помалку исплашено, но знаев дека тато ќе не пронајде“, вели ова храбро девојче.