(ФОТО) Најголемата џамија во Турција отворена за молитви – може да прими 60 илјади верници

Утринава беше отворена најголемата џамија во Турција, „Чамлиџа“”, која е изградена на 30.000 квадратни метри и има платформа од која посетителите може да ги следат молитвите, како и галерија посветена на исламската уметност, музеј и библиотека.

Оваа џамија се наоѓа на височинка на азискиот брег на Босфорот. Новата истанбулска џамија е изградена во отоманско-селџучки стил со елементи на модерна архитектура, а поради изгледот и местоположбата веќе претставува впечатлив симбол на градот на Босфорот.

Покрај џамијата, изградени се и придружни објекти, како и парк.

Главната купола на џамијата е висока 72 метри, додека втората купола е висока 34 метри.

На впечатливите врати на џамијата се напишани 16 имиња на Алах.

Џамијата може да прими 60.000 верници (околу 25.000 во внатрешноста, 12.500 во дворот и 22.500 во надворешниот двор).

Иако се уште е во употреба проектниот назив „Чамлиџа“, верскиот комплекс на денот на свеченото отворање ќе добие ново име, а истото се очекува во јавноста да го соопшти турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави