За време на мигрантскиот бран во Германија не се проверени над илјада информации за можни воени злосторници меѓу барателите на азил, тврди германскиот весник „Билд“.
Сојузната служба за миграција и бегалци од 2014 година до почетокот на 2019 година добила околу 5 000 информации за кривични дела според меѓународното право, проследени од Сојузната криминалистичка служба и обвинителството. Уште 2 000 информации се добиени за други страни.
Како што наведува „Билд“, повикувајќи се на одговор на Министерството за внатрешни работи, за сите 129 случаи покрената е истрага.
Во екот на бегалската криза од 2015-2016 година добиени се 3.800 информации за наводни воени злосторства меѓу бегалците, а спроведени се вкупно 28 истраги.
Пратеничката од ФДП, Линда Тојтеберг, предупредила дека воените злосторници не смеат да добијат заштита во Германија.