Земјите челнки на вишеградската група – Унгарија, Словачка, Чешка и Полска – планираат изградба на брза железничка пруга која ќе ги поврзува Будимпешта, Братислава, Острава и Варшава.
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Питер Сијарто, по разговорите со потпретседателот на Европската инвестициска банка, Вазил Худак, рече дека ова ќе биде еден од најамбициозните железнички проекти во земјите од вишеградската четворка.
Во план е изработка на физибилити-студија, а четирите земји очекуваат ЕИБ делумно да го финансира проектот.