Стево Пендаровски е класичен пример на матрицата на Заевизмот. Знае дека повторно губи и од сега бара алиби за поразот. И тоа со толку навредлива лага, што таа се израмнува и со терминот „Стока“ што тој го употребува кога зборува за граѓаните!, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тоа што Пендаровски е фотографиран од граѓаните како лаже, и му ја прикажуваат дволичноста, за него тоа се странски служби! Фатен во лага, фатен лажна скромност, тој без трошка срам, обвинува за следење од странски служби!
Низ Скопје го следеле служби и го виделе во Југо, го запреле, му дале да вози современ автомобил и го фотографирале за да го дискредитираат! Ете тоа почитувани, во тоа ве убедува Стево Пендаровски кој сака да биде Претседател на Република Македонија!
Внимавајте, кандидат на власта, во втор обид да биде заштитник на криминалот и на заевизмот, фатен во лага како наместо Југо, вози автомобил неколкукратно поскап, тој обвинува, внимавајте, бил следен од странски служби!? И тоа во корист на опозицијата?
Јавноста не само што е вчудоневидена, не само од обидот за лажна скромност на Пендаровски е цела збунета, туку и за обидот за јавните партиските местенки и игри во СДСМ преку грбот на граѓаните, повеќе не може да верува на овој кандидат! Пендаровски со ова јавно го посочува Оливер Спасовски, неговиот партиски противкандидат дека не работи и дека безбедноста е порозна и дека низ земјата хараат странски служби!
Во период кога опозицијата е под силен политички прогон, се вршеа претреси на автомобили, сите се под присмотра и политичко судски монтиран процес, кандидатот на власта во втор обид за претседател, Стево Пендаровски вели дека низ државата „харале, снимале, фотографирале“ странски служби?
Тоа е СДСМ, тоа е матрицата на заевизмот – лага, местенки, посочувања.
Ова не е прв пат Пендаровски да биде дел од лаги за партиски борби преку јавноста. Тоа беше случај и во 2014 година кога Пендаровски, во лаги ги заплетка и Заев и Црвенковски, околу тоа кој со кого разговарал и кој добил поддршка за следен лидер.
На Македонија најмалку и треба уште еден заевист на функција, одобрувач на заевизмот и криминалот на власта. Заевизмот ќе биде поразен и тоа добро го знаат. Лагите повеќе не им минуваат. Честита Македонија ќе победи, Гордана Силјановска Давкова е претседател кој гарантира право и правдина“ нагласи Стоилковски.