Жени сакаат подароци, и не само за 8-ми март и роденден, туку секој друг ден, но дали македонските мажи, ја имаат таа навика.
За овој ден , најчесто размислувано и поставувано прашање е што да подарите или можеби што најмногу посакувате за подарок.
Група на социолози направија анкета со цел да откријат кој е најпопуларниот подарок. На врвот на листата се најде цвеќето.
Повеќе од половина од женската популација (70%) посакуваат букет од свежо цвеќе или саксија со омиленото растение, а исто толку мажи го подготвуваат токму тој подарок.
На второ место се наоѓаат парфемите и парфемираните козметички средства. Омилената тоалетна вода во улога на празничен подарок ја посакуваат 26% од жените, а 27% од мажите се подготвени да го исполнат овој нивен „каприц“.
Третото место според рејтингот на социолозите е резервирано за накитот. Убавите украси ги посакуваат 25% од жените, а секој петти маж (22%) е подготвен да ги подари.
Како подарок за Осми март може да изберете чоколади, торта, бонбони…
„Сладок“ подарок би сакале да добијат 13% од жените. Интересен е фактот дека постарите претставници на посилниот пол, оние со над 60 години, сметаат дека тоа би бил идеален подарок за саканата.
Само 4% од мажите се подготвени да и ја олеснат работата на жената во домот во чест на 8-ми март. Долна облека, играчки, апарати во домаќинството или пак декоративната козметика се најнепопуларни подароци за денот на жената.
Жените на возраст од 25 до 34 би биле задоволни со долна облека како подарок, а девојки до 24 годишна возраст не се против да добијат кадифена играчка. Апарати за домаќинство би примиле само 6% од жените, а таков подарок најчесто би подариле мажите од помалите градови и руралните средини.