Ново обвинение за педофилија: Се јави уште една жртва на кардиналот Пел

Австралискиот кардинал Џорџ Пел, кој во затвор ја чека висината на казната за пет случаи на сексуална злоупотреба на деца, сега повторно е обвинет и на Врховниот суд Викторија, за уште еден случај на злоупотреба на деца.

Портпаролката на кардиналот изјавила дека Пол нема коментар за новото обвинение.

Медиумите објавија дека тужбата ја поднел маж кој требало да сведочи во друг случај на сексуална злоупотреба на деца, а кој бил отфрлен кога обвинителот ја повлекол тужбата минатиот месец. Тогаш, човекот барал отштета за психолошка штета, губење на платата и здравствени трошоци, како резултат на наводното злоставување во 70-те години на минатиот век.

Тој бил штитеник на државата во домот за момчиња Св. Јосип во Баларат во време на наводниот инцидент.

Пел е највисок католички свештеник, кој е обвинет за сексуална злоупотреба на деца. Тој е прогласен за виновен за четири обвиненија за злоупотреба на деца, кои вклучуваат и две 13-годишни момчиња, од кои едно тужи и за сексуално злоставување. Секое обвинение носи по 10 години затвор. Конечната пресуда би требало да биде објавена на 13 март.

Треба да знаете
Последни објави