Полицијата уапсила кичевец откако претходно нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира.
Во ПС Кичево вчера околу 19 часот било пријавено дека на булеварот Ослободување, Б.Д.(18) вербално и физички нападнал полицаец којсе обидел да го легитимира него и П.Д. (19).
„Тој бил приведен и при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.