Директорот за комуникации во Белата куќа, Бил Шајн, поднесе оставка.
„Бил Шајн синоќа поднесе оставка“, соопшти портпаролката на американскиот претседател, Доналд Трамп, Сара Сандерс.
Таа додала дека Шајн ќе продолжи да го поддржува Трамп и неговата програма и дека ќе работи како висок советник во кампањата на Трамп за следните претседателски избори во 2020 година.
Трамп во соопштението навел дека Шајн направил исклучителна работа додека работел со него и дека се радува на соработката во кампањата со него.
Бил Шајн е поранешен директор на „Фокс њуз“