По изрекување на пресудата за обвинетите во „Титаник 2“, обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи побара судот да им одреди притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими до правосилноста на пресудата.
Според Фетаи, Ибраими не го почитува СЈО и судот и има основа да се претпостави оти нема да ја почитува нити пресудата и може да се очекува бегство.
По барањето за определување на мерка притвор од страна на СЈО за обвинетиот Бедредин Ибраим, тој пред судот рече дека не му било дозволено да направи примопредавање на одредени документи со кои ќе покажел дека не е сторено кривично дело ниту пак некој би имал корист од сторување на такво кривично дело за кое СЈО го гони. Иако опоменуван од судот, продолжи да прашува со што обвинителката Фетаи утврдила непочитување на судот од негова страна.