Полицијата во местото Литл Рок во Арканзас, САД објави видео на кое се гледа како еден полицаец испукува 15 куршуми во автомобил и го убива возачот. Инцидентот се случил на 22 февруари, а трагдијата се случила под неразјаснети околности. Според официјалниот извештај, полицаецот Чарлс Старкс сопрел возилот кое било украдено, а осомничениот Брели Брекшир, Афроакериканец, не ја послушал наредбата да застане и продолжил да вози.
На снимката на самиот почеток не се гледа возилото, но се слуша полицаецот како му наредува на возачот да го напушти автомобилот, но тој полека продолжува напред, по што полицаецот почнува да пука.
„Што направив, зошто сакаш да ме убиеш“ рекол Блекшир, а потоа почнал полека да се оддалечува.
Старкс во полицијата е од 2013 година и повеќе пати бил суспендиран поради пречекорување на овластувањата. Сега пак е под суспензија додека не се истражи целиот случај.