Илјадници ортодоксни Евреи се обидоа да ја спречат молитвата на феминистките од здружението „Нешот хакотел“ кај Ѕидот на плачот, организирана по повод Меѓународниот ден на жената.
Две жени беа повредени во конфликтот, кажаа од „Нешот хакотел“. Израелската полиција не го потврди тоа, туку кажа само дека имало „напнатост” и „колнење”. Кога ги одвоиле, жените продолжиле да се молат во јужниот дел на ѕидот, каде што сите имаат право на молитва. Церемонијата беше организирана по повод 30-годишнината од основањето на „Нешот хакотел“.
Според весникот „Хаарец“, илјадници ултраортодоксни млади луѓе ги нападнале жените плукајќи на нив, заканувајќи им се и физички напаѓајќи ги.
„Нешот хакотел“ е феминистичка организација чија цел е да им се даде на жените право да се молат нa Sидот на плачот.