Камбоџанските власти во петокот ги блокираа стотиците демонстранти кои повикаа на прекин на насилството врз жените кога марширааа во главниот град Пном Пен.
Синдикатите и граѓанските организации во четвртокот маршираа во знак на поддршка на правата на жените, а со тоа им се спротивставија на градските власти, кои го забранија маршот.
Околу 500 демонстранти, претежно жени, се собраа на Олимпискиот стадион во Пном Пен за да одат два километри до канцеларијата на Советот на министри со цел да поднесат петиција, кажаа од организацијата.
Кога некои од демонстрантите сакаа да го напуштат стадионот, десетици полицајци ги турнаа назад со сила, накратко борејќи се со масата пред да ги заградат.
Другите демонстранти се собраа на патеките надвор од стадионот каде што пееја и мавтаа со своите транспаренти.
Во петокот е 108. Меѓународен ден на жената, а ова е национален празник во Камбоџа.
Демонстрантите гласно му ги прочитаа своите барања на претставникот на градското собрание на стадионот, а тоа се поголема заштита на правата и безбедноста при работата на жените и воспоставување бесплатни дневни центри за згрижување деца и отворање прифатилишта за жртви на насилство.
Генералната секретарка на Коалицијата на камбоџанската заедница на земјоделците, Кеа Чанра, вели дека во минатото ваквите настани се обележувале во тајност, а владата на барањата била главно глува.
Портпаролот на градското собрание во четвртокот рече дека на организациите не им го дозволиле маршот бидејќи ќе го нарушат јавниот ред и мир.