Кoмитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД синоќа едногласно одобри резолуција која повикува администрацијата во Вашингтон да изнесе светлина за случајот со убиството на Борис Немцов, руски политичар и опозициски активист.
Резолуцијата беше предложена во двата дома на Конгресот при крајот на февруари, на четиригодишнината од атентатот врз Немцов. Документот е составен од конгресменот демократ Елиот Енгел и сенаторот републиканец Марко Рубио.
Резолуцијата ги осудува руските власти кои, според американските законодавци, ги држат во тајност околностите на убиството. Американската Влада се повикува „прашањето за убиството на Немцов да го поставува за време на какви и да било контакти со Владата на Руската Федерација и да се истакнува неопходноста организаторите и извршителите на делото да бидат изнесени пред лицето на правдата”.
Покрај тоа, сенаторите и конгресмените ја повикуваат Русија „да изврши независна меѓународна истрага за убиството на Борис Немцов во соработка со ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа”. Исто така ги повикуваат државниот секретар и министерот за финансии (на САД) да воведат санкции во рамките на Актот Магнитски и Глобалниот акт Магнитски кон сите посочени лица кои имале улога во убиството на Борис Немцов.
Државниот секретар и Директорот на национално разузнавање треба да подготват извештај кои ќе содржи опис на деталните околности за убиството.
Рускиот политичар Борис Немцов во 90-те беше поранешен вицепремиер на Руската Федерација и гувернер на Нижни Новгород. Подоцна тој отиде во опозоција и беше еден од најактивните критичари на политиката на претседателот Влдимир Путин. Беше застрелан на 27 февруари 2015 година во центарот на Москва неделакеу од Кремљ.