Британската премиерка, Тереза Меј, предупреди дека никој не знае што ќе се случи ако пратениците следната недела не го прифатат нејзиниот предлог за договор за брегзит и дека Велика Британија можеби и никогаш нема да ја напушти Европската унија, пренесе весникот „Индипендент“.
Премиерката исто така апелираше ЕУ да биде подготвена за компромиси за време на преговорите и порача: „Одиме веќе да завршиме со ова“.
Меј додаде дека британските пратеници се пред тежок избор при што ќе треба да го поддржат брегзит или да го отфрлат.
„Поддржете го договорот и Британија ќе ја напушти Европската унија. Отфрлете го, и никој не може да знае што ќе биде потоа“, рече таа.
„Можеби ќе ја напуштиме ЕУ само по неколку месеци, може ќе излеземе без заштита што ја нуди договорот, а можеби и никогаш нема да излеземе“, кажа британската премиерка.