Двајца разбојници ограбиле бензинска пумпа ноќеска во Бутел, информираше МВР.
На 08.03.2019 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на улица „Александар Урдаревски“ двајца непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработените одзеле пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.