Cоветот на Специјалниот суд во Белград денеска го прогласи за виновен претседателот на компанијата „Делта Холдинг” Мирослав Мишковиќ и неговиот син Марко за затајување данок.
Адвокатот на Мишковиќ најави жалба до Апелацискиот суд.
Мишковиќ е осуден на 2,5 години затвор поради поттикнување даночно затајување, а ќе мора да плати и казна од осум милиони динари (100 динари изнесуваат 0,85 евра).
Мишковиќ се терети дека му помогнал на синот Марко да затаи 320 милиони динари данок. До даночното затајување, според обвинението, дошло при префрлување акции на Претпријатието за патишта Ниш на домашна компанија, која, според тврдењата на обвинителството, ја контролира Марко Мишковиќ.
Неговиот син Марко е осуден на една година домашен затвор и ќе мора да врати осум милиони динари. ј