Пешак тешко повреден во Свети Николе

Пешак бил тешко повреден откако бил удрен од автомобил, вчера во Свети Николе.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 14.45 часот на улицата Младинска. Автомобил „опел” со светиниколски таблици управуван од С.П.(43) од село Милино удрил во пешакот Д.М. (81) од Свети Николе.

Од ударот Д.М. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Треба да знаете
Последни објави