Манекенката и некогашна Мис Тин Универзум, Лоте ван дер Зи, почина еден ден пред да наполни 20 години.
Холандската манекенка починала од срцев удар додека била на зимување со семејството во Австрија каде што планирала да го прослави роденденот. Таа две недели била во кома, а починала во средата.
Нејзините родители на Инстаграм споделија фотографија од нивната ќерка.
„Нашиот бисер, нашето сè. Не можеме да поверуваме дека Лоте повеќе не е со нас. Нашите срца се скршени“, напишале нејзините родители.
Лоте во 2017 година беше прогласена за Мис Тин Универзум.