Големи делови од Венецуела денеска се без електрична енергија по вчерашната хаварија на електродитрибутивната мрежа.
Претседателот на државата Николас Мадуро нареди училиштата, државните компании и служби да не работат денеска, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција на струја.
Погодени се 22 од 23 венецуелски држави, и без електрична енергија е и главниот град Каракас.
Во Каракас е хаос по улиците и во болниците. Сериозни проблеми има и во водоснабдувањето и телефонските врски. Прекин на работата има и во неколку венецуелски телевизии.
Владата на Венцуела ги обвини САД за хаваријата и нагласија дека Вешингтон спроведува „електрична војна” против Каракас