Успешните економски политики на Владата и напредокот во евроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија, велат од СДСМ.
Од владејачката партија велат дека Република Северна Македонија е атрактивна земја за инвестирање со силна економија.
„Германската компанија ‘Герешајмер’ реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава. Компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи, а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ истакнуваат дека во 2018 година забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а рекорден раст забележало и индустриското производство кое, како што велат, во 2018 година било највисоко во последните седум години.