Тремор од 2,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Северна Кореја, но властите велат дека може да е резултат на експлозија во рудник, пренесува „Кореја тајмс“.
Корејската метеоролошка администрација (КМА) соопшти дека умерениот земјотрес од 2,1 степени по Рихтер е всушност “вештачка” сеизмичка активност, за која се претпоставува дека е резултат на експлозија во рудникот во рударскиот град Пјонгганг.
„Епицентарот е измерен во близина на површината на земјата”, рече претставник на КМА.
Извештаите дојдоа откако беше откриена нова активност во фабриката за производство на првите интерконтинентални балистички ракети (ИБР) на Северна Кореја кои можат да стигнат до САД.