Најскапиот хотелски апартман во светот се наоѓа во Лас Вегас во ресортот Палм Казино. Едно ноќевање чини 141 илјада долари.
Апартманот е на две нивоа и се простира на површина од 836 метри квадратни, а го дизајнирал британскиот уметник Демјиен Хирст.
Апартманот има бар со 13 столчиња. Престојот во арпартманот вклучува и батлер кој е на располагање 24 часа, автомобил со шофер, ВИП пристап до ноќни клубови и кредит од 14 илјади долари кој може да се потроши во ресортот.
За споредба, едно ноќевање во Ројал Пентхаус во хотелот „Президент вилсон“ во Женева чини 113 илјади долари. Ноќевање во Гранд Пентхаус Суит во хотелот „Д Марк“ во Њујорк, каде што Меган Маркл неодамна имаше забава за дарување на бебето, чини 106 илјади долари.