Со помош на познатиот француски дизајнер на парфеми – Франсис Куркџијан, списанието „Вог” објави листа брендови најпопуларни меѓу Французинките, надополнета со објасненија на стручното лице – зошто жените најмногу ги сакаат токму тие мириси.
6. Шанел Коко Мадмоазел
– Скоро секоја жена којашто ја познавам, го поседувала барем еднаш. Тој во себе ја носи самата срж на помислата за Французинките. Прилично е современ, модерен, елегантен… Тоа е еден овошно-цветен парфем кој ѝ припаѓа на парфемската група „чипре”. Чипре парфемите се типично француски. Тие се апстрактна група мириси. Не се агресивни, а се по малку мистериозни, гласи објаснувањето на Куркџијан.
5. Кензо Флауер
– Ова е еден доста значаен ориентален парфем. Во себе ги носи горните цветни ноти и нешто пудресто, скоро како мирис на компактна пудра. Ако го погледнете списокот најпродавани парфеми во другите земји (вон Франција), ќе видите дека овој парфем со мирис на кармин е нешто што главно го гледате во Франција и никаде на друго место. Се работи за класика, нагласува Куркџијан.
4. Ив Сен Лоран Опиум
– Прво го имате Ив Сен Лоран, а дури потоа следи модата, и тогаш доаѓа Опиум. Мирисот на тој парфем како да е од некое друго време, оти парфемите во тоа време немаа овошни ноти, кои денес многу ги користиме. Идејата за овој парфем веќе не е скандалозна како што беше некогаш, но сѐ уште има нешто посебно во неговиот назив.
3. Герлен Шалимар
– Во еден миг едноставно сакате да го пробате парфемот на својата мајка. Шалимар е икона и е прилично француски. Можете да го почувствувате во театрите или оперските сали, вели натаму експертот.
2. Kашарел Ане Ане
Л’Ер ду Темпс на Нина Ричи некогаш беше првиот парфем кој би го подариле на помлада девојка. Денес тоа е Ане Ане на Кашарел. Не е лесен оти има голема аура, но е доста светол и прозрачно цветен.
1. Шанел Пет
– Тоа е легендарен парфем кој во себе ја носи идејата за женственост. Споменот за Мерилин Монро која го користеше и модната куќа Шанел здружени – тоа е нешто неверојатно. Може да Ви се допаѓа или не, со обѕир на тоа дека е направен пред скоро 100 години и е доста посебен, но мора да го пробате, вели Куркџијан.