(Видео) Деми Ловато заврши на психијатрија откако му го скрши забот на тренерот

Пејачката Деми Ловато (26)  почна интензивно да вежба откако обожавателите  ѝ рекоа дека се здебелила додека била на рехабилитација, па дури и го ангажираше тренерот Џеј Глејзер. За време на неодамнешното вежбање, таа го удри толку силно што му го скрши забот.

Пејачката одлучи да се пријави во психијатриска институција со цел да работи на своето ментално здравје, според „Пипл“. Пријателите на пејачката негираат дека таа повторно почнала да користи опијати. Деми моментално е дома во Лос Анџелес, се грижи за себе и е на добро место каде што вежба и се подготвува за нова музика.

Ловато се потцени себеси на тренингот, па со силен удар го повреди Џеј иако носеше заштита за заби. „Извини Џеј. Кога ми е првата борба?“ го праша таа тренерот.

Гледајќи го видеото во кое Деми е среќна и го крие лицето од срам бидејќи на тренерот му го скршила забот, многу обожаватели ја фалеа во своите коментари.

„Толку е убаво да се види дека си добро. Се надевам дека си среќна и здрава. Знам дека моето мислење не значи за тебе, но навистина сакам да ти го кажам. Ти си фантастична пејачка и девојка. Посилна си отколку што мислиш“, ѝ напишаа фановите. Во јули минатата година пејачката се предозира и оттогаш работеше на тоа целосно да се излечи. На крајот од 2018 година таа излезе од рехабилитација.

https://youtu.be/bKtI5JlKizk

Треба да знаете
Последни објави