Вознемирувачко видео: Во Косово камион влета во пешаци, има и жртви
Најмалку едно лице загина, а 20 се повредени во центарот на косовскиот град Гнилане кога камион со голема брзина влета во група пешаци, јавија приштинските медиуми, а пренесува „Б92“.
„Можам да потврдам дека едно лице почина како последица од несреќата, а 20 се повредени“, изјави портпаролот на косовската полиција во Гнилане, Исмет Хасани.
Во несреќата учествувале 10 возила, а според портпаролот, ја предизвикал камионот што удрил во автомобили и пешаци.
На вонредната прес-конференција Хасани рече дека причината за несреќата биле технички проблеми.
Според него, возачот на камионот и неговиот совозач биле одведени во полициска станица на распит