Претседателскиот кандидат на владината коалиција, Стево Пендаровски, попладнево пријавил во полиција дека е следен и фотографиран. Пред неколку дена Пендаровски во интервју изјави дека откако било објавено дека е претседателски кандидат, го следи тајна разузнавачка служба која е поврзана со една голема опозициска партија.
Како аргумент дека е следен тој наведува објавени фотографии на социјалните мрежи од негови средби во скопско кафуле, и како тој седи во својот автомобил, а кои се објавени непосредно по неговото појавување на овие локации.
Пендаровски во пријавата наведува дека не знае кои се лицата што го фотографираат.