Песни на Атанас Чупоски објавени во романско списание за литература

 Четири песни на поетот Атанас Чупоски од збирката „Der Wanderer” се објавени на романски јазик во мартовскиот број на познатото списание за литература и култура „Хелис” во Романија.

Насловите на песните се: „Господ е поет”, „Сакам да сум номад”, „Беседа без зборови” и „Виолини на вечноста”. Препевот на романски го направи поетот Димо Н. Димчев.

Атанас Чупоски е доктор на филолошки науки, автор на збирките поезија „Концерт на труба во дур” (2007) и „Der Wanderer” (2015), збирката раскази „Старинарница Балкан” (2014) и филмолошката студија „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А. А. Тарковски” (2012).

Треба да знаете
Последни објави