ВМРО-ДПМНЕ: Земјава е пред економски колапс

Република Македонија е пред целосен економски колапс, а за тоа виновни се СДСМ и Зоран Заев.СДСМ и Заев единствено водат грижа за личните криминални бизнис тендери, но не и за развој на економијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев, Тевдовски и Анѓушев ја уништија македонската економија. 2018 година Република Македонија имаше најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа. Тоа пред се се должи на нивната неспособност и неработење. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година во време на владеењето на Заев економијата во Македонија пораснала само за 2,05%.

,,Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што покажува дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните.СДСМ и Заев не се способни да го реализираат ниту тоа што самите тие го ветиле.Особено загрижува падот од 12,6%  на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа власт.

Но, на сметка на ова Заев секој месец ги задолжува граѓаните на Република Македонија. За само две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП. Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за 1.4%. За жал граѓаните живеат во беда и сиромаштија поради неспособноста на криминалната влада на Заев и СДСМ.

СДСМ нема капацитет да ја води државата. СДСМ мора да си замине. Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави