Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од зпаден и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Под влијание на влажен и постуден бран в понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Треба да знаете
Последни објави