Градоначалникот Филип Темелковски свечено го отвори Меѓнародниот турнир во карате „Фунакоши Гичин опен“
Денес градоначалникот Филип Темелковски во спортската сала „Архиепископ Доситеј”, во Кисела Вода свечено го отвори 10 по ред Меѓнароден турнир во карате „Фунакоши Гичин опен”.
На турнирот кој по 8 пат се одржува во Кисела Вода се натпреваруваат ученици, помлади кадети, кадети и јуниори од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.
Од клубот „Фунакоши Гичин” му се заблагодарија на градоначалникот Филип Темелковски за поддршката која ја добиваат од него.
-Ова е десетто јубилејно издание на „Фунакоши Гичин опен”, за првпат откако градоначалник на Општина Кисела Вода е Филип Темелковски, Општината ни помага во организацијата на овој турнир, – нагласи во своето обраќање пред присутните претставник на „Фунакоши Гичин”. Од клубот во знак на благодарност за големата поддршка од Општината на градоначалникот Темелковски му беше доделна плакета.
Градоначалникот Филип Темелковски во обраќањето нагласи дека Општината како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи на развивање и омасовување на спортот во Кисела Вода.
-Благодарам на организаторите што ни ја дадоа оваа можност да бидеме дел од организацијата на овој Меѓународен турнир. Општина Кисела Вода останува отворена за сите спортски настани кои имаат за цел промоција на општината и на здравиот начин на живот. Само преку спортот можеме да изградиме здрави личности кои ќе бидат двигатели на нашата општина, – кажа градоначалникот Филип Темелковски.
Дел од турнирот заедно со градоначалникот проследи и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.
Клубот „Фунакоши Гичин” почна успешна соработка со Општина Кисела Вода со доаѓањето на власт на градоначалникот Филип Темелковски кој постојано вложува максимални напори за развивање и омасовување на спортот во општината, се со цел за создавање на здрава младина.