На полноќ завршува собирањето потписи за претседателските кандидати

 На полноќ истекува рокот за собирање потписи на кандидатите, а Државната изборна комисија в понеделник ќе каже кој од пријавените има доволно потписи за да стане кандидат за претседател на државата. Сигурни кандидати во претседателската трка се Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Кандидатите имаат рок до 21 март и официјално да достават кандидатура, по што ДИК во рок од 48 часа ќе ги прегледа сите пристигнати апликации, а доколу има недоследности се дава рок тие да се исправат, а потоа се прифаќаат кандидатурите.

Треба да знаете
Последни објави