Чешка полиција објави дека пациент пукал во болница во Прага, при што ранил други двајца пациенти. Полицијата информира дека инцидентот се случил синоќа на полноќ во Универзитетската болница во Прага, на одделението за хематологија во соба во којашто имало тројца пациенти.
Пациентот бил приведен, откако медицискиот персонал успеал да му го земе оружјето. Извори блиски до болницата соопштија дека еден од двајцата повредени пациенти е во критична состојба. Други детали не се соопштуваат.