Пендаровски чека полицијата да утврди дали бил следен од параструктури
Полицијата треба да постапи по пријавата на Стево Пендаровски до СВР-Скопје и да утврди дали тој бил следен од некои параструктури. Ова е ставот на Пендаровски за неговата вчерашна пријава до полицијата.
„Ќе го почекаме официјалниот извештај на полицијата која постапува по мојата пријава што ја поднесов вчера до СВР-Скопје. Се надевам дека јавните личности во земјава се заштитени и дека органите си ја вршат својата работа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски овие сомнежи за следење ги постави кон крајот на јануари на пратенички прашања, и зборуваше дека се следени јавни личности. Мојот впешаток е дека сум следен но очекувам дека наскоро ќе се разјасни целиот настан за да знаеме сите граѓани во државата дали сме безбедни“, изјави Пендаровски