Повеќе од 80 лица се повредени кога, според првичните приценки, траект се судрил со големо морско живoтно во близина на јапонскиот остров Содо, јавија локалните медиуми.
Траектот превезувал 121 лице, а потешко се повредени петмина. На трупот на бродот имало пукнатина долга 15 сантиметри.
Крајбрежната стража наведе дека пловилото најверојатно удрило во кит или во друго големо морско животно.