(Видео) Повторно запалена трска во Струга

Bеќе еден час гори трска во Струга, а поради ветрот пожарот се шири со голема брзина.

На терен сѐ уште никој не интервенира околу гасењето на огнот.

Трска беше запалена и минатиот месец во неколку наврати во Струга, по што реагираа бројни еколошки организации кои изразија сомнежи дека трската се пали намерно на места на кои подоцна е планирана изградба на угостителски објекти.

Видео плејер

СОС тогаш кажаа дека максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.

„Не се знае кој узурпира, кој гради, на неколку места објекти се изградени непосредно до езерото, се паркираат возила, се оградува со жица. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата и на појасот трска. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори”, велат од Охрид СОС.

Од невладината организација „Извиднички одред“ стравуваат дека зад случаите со палење трски се кријат економски и градежни интереси покрај езерото.

До надлежните минатиот месец беа упатени апели да одговорат на бројните реакции од граѓаните за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел.

Треба да знаете
Последни објави