Украинската полиција соопшти дека на вчерашните судири со ултрадесничарските демонстранти кои се обиделе да го попречат предизборниот митинг на украинскиот претседател, Петро Порошенко, повредени се 15 полицајци.
„АП“ пренесе дека судирот се случил во градот Черкаси, на околу 150 километри југоисточно од украинската престолнина, Киев.