Во пожар во Стањевци изгореле 13 јагниња

Тринаесет јагниња изгореле во пожар во селото Стањевци – Свети Николе.

Како што јави полицијата, пожарот настанал поради неисправна електрична инсталација, а изгореле и кровната конструкција и дел од трлото.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица – Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави