Заев без маска го проследи струмичкиот карневал

Претседателот на Владата, Зоран Заев присуствуваше на годинашното издание на Струмичкиот карневал. Додека ја извршуваше функцијата – градоначалник на Струмица, Заев постојано се маскираше, но последните години откако е премиер тој го следи карневалот без маска.

Од Владата утрово преку соооштение истакнаа дека Заев заедно со сопругата, и со членови на Владата, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, присуствувале на централниот настан од карневалските свечености и ги проследиле стотиците групни и индивидуални маски во духот на традицијата што со децении ја градела оваа манифестација.

„Со бројните гости од земјата и од странство како учесници или како посетители, карневалот во Струмица и оваа година потврдува дека е значајна алка во градењето мостови на соработка преку културата и традицијата со сите збратимени градови коишто и оваа година испратија свои делегации на карневалот“, велат од Владата.

Додаваат дека карневалот е еден од 7-те најатрактивни зимски настани во Европа, кој го обезбедил своето место на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот.

 

Треба да знаете
Последни објави